Скратено траењето на полицискиот час во текот на неделата и за време на викендите

Од:

Од утре се намалува времетраењето на полицискот час, а граѓаните ќе можат да се движат и да ги завршуваат своите обврски до 19 часот, наместо како што беше досега, до 16 часот. Владата на денешната седница донесе одлука за олабавување на полицискиот час, по предлог на Комисијата за заразни болести.

„Секој работен ден, од понеделник до петок ќе биде дозволено движењето на граѓаните од 05:00 часот наутро до 19:00 часот. Забраната за движење во целата држава ќе почнува во 19 часот и ќе трае до 05 часот наутро. За лицата над 67 годишна возраст ќе биде дозволено движење секој работен ден од 05 часот наутро до 12 часот на пладне. Младите лица до 18 години ќе може да излегуваат од понеделник до петок од 13:00 до 19:00 часот“, соопшти премиерот Оливер Спасовски на социјалните мрежи.

Од утре се намалување и траењето на полицискиот час за време на викендите.

„Од сега забраната за движење за викенд ќе почнува од 15:00 часот во сабота, а ќе трае до понеделник во 05:00 часот наутро. Во сабота, за лицата над 67 годишна возраст ќе биде дозволено движење од 05 часот наутро до 11 часот наутро. Во сабота, младите лица до 18 години ќе може да излегуваат од 12:00 до 15:00 часот“, соопшти Спасовски.

Би можело да ве интересира

По насилните протести во Франција: Во градот Кламар се воведува полициски час

Хелсиншкиот комитет и Македонско здружение на млади правници: Да се амнестираат луѓето што го прекршиле полицискиот час

Воведен полициски час во регионот на Одеса

А1он

Полициски час и забрана за музика во угостителските објекти во Солун, Халикидики и во уште девет грчки региони

А1он

Парична казна за гостиварец заради непочитување на полицискиот час​

Ана Ололовска

Казна од 2000 евра за охриѓанец обвинет за непочитување на полицискиот час во Скопје

Ана Ололовска