Скопското обвинителство поведе истрага за извршени разбојништва

Од:

Основното јавно обвинителство Скопје денеска донесе наредба за спроведување истражна постапка против 30-годишен државјанин на Италија со жителство во Скопје, за кого постои основано сомнение дека сторил четири кривични дела „разбојништво“ и еден „обид за разбојништво“.

Како што соопшти Јавното обвинителство, на 6 ноември осомничениот влегол во книжарница на булеварот „Партизански одреди“ и со нож се заканил на вработената, барајќи да му даде пари. Исплашена за својот живот, оштетената од касата на книжарницата извадила 9.500 денари кои му ги дала на осомничениот, кој потоа избегал.

Осомничениот истиот ден, на улица „Московска“ во аптека и се заканил на вработената со нож и ги побарал парите од касата, но таа започнала да вика и го стиснала паник-тастерот. Во тој момент осомничениот избегал од местото, не успевајќи да ја реализира намерата за противправно одземање туѓи предмети.

На 9 ноември на сличен начин, заканувајќи им се со нож на вработените, осомничениот одзел 2.000 денари од продавница за играчки на булеварот „Партизански одреди“.

Осомничениот на 14 ноември, во маркет на улица „Букурешка“ го вперил ножот кон една вработена, заканувајќи и се дека ќе ја повреди ако не му даде пари. Оштетената му ја отворила касата, од каде тој самиот одзел 10.600 денари и избегал.

На истиот начин, на 16 ноември, осомничениот противправно присвоил 6.525 денари од бутик за долна облека на булеварот „8-ми Септември“.

– Бидејќи постојат околности кои упатуваат на можност осомничениот да се даде во бегство, да ги сокрие трагите на кривичното дело, да влијае врз сведоците/оштетените или да го повтори делото, надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор. Судијата на претходна постапка го прифати предлогот и на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена, се наведува во соопштението од Јавното обвинителство.

Би можело да ве интересира

Притворени се Бугарки кои крадеа паричници во Скопје

А1он

Романски државјани фатени по кражба на злато во Скопје

Горан Наумовски

Главниот батлер на Елисејската палата крадеше садови и порцелан

Горан Наумовски

Крадец со скалпел во рака се закануваше дека ќе го повреди мажот кој го ограби

Македонец и Србин ограбиле продавници во Подгорица, имале добро разработена тактика: Пронајдени се и сомнителни документи

Горан Наумовски

Четворица струмичани од камион украдоа 160 вреќи компир

Горан Наумовски