Скопското Јурумлери доби спортско игралиште

Од:

Спортско игралиште, со површина од околу 1.000 квадратни метри, опремено со реквизити за фудбал и за кошарка беше пуштено денеска во употреба во скопското село Јурумлери.

Игралиштето го отвори градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски.

„Се надевам дека ова игралиште ќе биде место каде што жителите ќе се рекреираат, спортуваат, но и ќе се дружат”, рече Трајановски.

Спортското игралиште е со димензии 46 метри на 25 метри, целосно е оградено со метална ограда висока четири метри, а од страните каде што се головите оградата е висока шест метри.

Површината на игралиштето е покриена со песочен слој, а потоа екипи од општината одозгора поставија вештачка трева.

Би можело да ве интересира

Муцунски: Скопје е подготвено за дијалог со Софија, но не и за учество во бугарската изборна кампања

Отстранет е одронот, повторно се вози во двете ленти на автопатот Скопје – Велес

Горан Наумовски

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

45-годишен маж од Скопје е пронајден мртов во неговиот дом

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски

48-годишен скопјанец е пронајден мртов во стан