Скопските обвинители ги одлагаат рочиштата за шарената револуција

Од:

Судењата за дел од активистите кои протестираа во шарената револуција, Здравко Савески, Мариглен Демири и Владимир Куновски, никако да добијат разрешница, иако предметите се од 2016 година. Најголем дел од судските рочишта досега се одложени.

Една од причините за одлагањата на рочиштата се обвинителите од Скопското јавно обвинителство, кои или бараат одлагање на судењата или воопшто не се појавуваат, тврдат обвинетите. Предметот за Савески го застапува обвинителката Снежана Бундалеска, а другот, обвинителката Наташа Сарамандова. Во судскиот процес за Савески и Куновски, на едно рочиште не се појавила, а другото го одложила.

Од Јавното обвинителство за „Макфакс“ одговорија дека обвинителите биле презафатени и дека секое нивно отсуство на судењата било оправдано. „Надлежните јавни обвинители во предметите за кои покажувате интерес паралелно работат и на тековни истраги и на други итни притворски предмети. Оттука секое нивно отсуство е оправдано пред надлежен суд и врзано со обврски за итно постапување во други предмети.

Станува збор за предмети што се судат по скратена постапка, а приоритет имаат притворските предмети. Судењето за Здравко Савески и Владимир Куновски сега го води судијката Оља Ристова, која отворила расправа, а судењето за Мариглен Демири го суди Славица Андреевска, која донесе пресуда за обидот за убиство на Зијадин Села. Во кривичниот суд за овие предмети по судската ферија се закажани рочишта на 14 и 28 септември.

Од обвинението за учеството во шарената револуција и фрлањето боја врз фасадата на Министерството за култура куртули пратеникот Павле Богоевски.

Васко Маглешов

Би можело да ве интересира

Судската битка продолжува: Одбраната со жалба за „Геријатрија“, Обвинителството тврди дека доказите се цврсти

Скриените 350.000 евра кај судијата Ристов се пронајдени без претходни ПИ-мерки

Обвинителството бара куќен притвор за судијата од скопска Апелација кај кого беа пронајдени 350.000 евра

Горан Наумовски

Пронајдени соѕидани 350.000 евра во дом на судија од Апелациониот суд во Скопје

Предраг Петровиќ

Полицијата врши претреси на повеќе адреси поради сомнежи за даночна измама

Обвинителството бара притвор за двајца мажи кои силуваa и уценуваa девојче од липковскиот крај