Скопски полицајци од колега побарале и добиле поткуп од 2.000 денари

Од:

Вчера (2.8.2022) во 18.12 часот во Полициската станица Чаир, Б.Б.(34) од Скопје пријавил дека околу 14.45 часот на ул.„Македонскo-косовска бригада“ со неговото возило „опел зафира“, во кое бил со З.М., бил сопрен од тројца полициски службеници.

Според пријавеното, тие му побарале документи и откако им рекол дека не ги носи го информирале дека треба да плати казна од 500 евра и дека возилото ќе му биде одземено, а ако не сака да плати казна да им даде 50 евра да се почестат.

Како што е пријавено, тој им дал 2000 денари, по што ги пуштиле да си заминат. По преземени мерки било констатирано дека станува збор за полициски службеници од Полициското одделение Шуто Оризари, кои биле на должност, но не биле на местата на кои биле распоредени.

За случајот е запознаен Одделот за внатрешна контрола криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР и по целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Би можело да ве интересира

Полицајци обвинети за кражба на 36.000 евра при претрес на куќа

А1он

Насилник од Велес им избега на шест полицајци, иако еден од нив пукал во воздух за да го исплаши

13 полицajци осомничени дека не спречиле користење на пиротехника во „Пулс“ која беше фатална за 62 лица

Горан Наумовски

Левица: Валканите полицајци кои не одговараат за Кочани регрутирани во изборниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ

Горан Наумовски

Единаесет уапсени, од кои седум се полицајци, осомничени се за примање и давање поткуп

Горан Наумовски

Кривична за полицајците кои не му пишаа казна на братот на градоначалникот на општина Гази Баба

А1он