Скопската полиција запленила 607 грама марихуана и 18,23 грама амфетамин

Од:

Единицата за недозволена трговија со дрога во два одделни случаи поднела кривични пријава до надлежното ОЈО Скопје против И.С. (25) и Б.И. (24) двајцата од Скопје, поради постоење основано сомнение дека сториле две кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори”.

За сторените кривични дела предвидени и казниви по член 215 од КЗ, од страна на судија на претходна постапка, на двајцата пријавени им е одредена мерка притвор во траење од по 30 дена.

Во првиот случај, пријавениот И.С. во текот на декември минатата година, од засега непознати лица набавил поголема количина на марихуана и амфетамин, кои во текот на минатиот месец во својот дом во населбата Ѓорче Петров ги препакувал во помали паковки со намера да ги продава на уживатели од Скопје. По добиеното и потврдено сознание дека пријавениот препакуваната дрога почнал да ја продава на уживатели од Скопје, од страна на полициски службеници од Единицата за недозволена трговија, со наредба од судија на претходна постапка, е извршен претрес во домот и другите простории на пријавениот. При извршениот претрес кај истиот биле пронајдени и одземени еден килограм и 199 грама марихуана спакувана во едно полиетиленско кесе, 18,23 грама амфетамин спакувана во едно полиетиленско кесе и една дигитална вага на која биле детектирани траги од марихуана, кокаин и амфетамин.

Во вториот случај поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“, полициски службеници од Одделението за имотни деликти и малолетничка деликвенција Центар-Бит Пазар, постапувајќи по наредба од судија на претходна постапка, на извршиле претрес во домот на пријавениот Б.И. при што биле пронајдени и одземени три полиетиленски кесиња во кои имало спакувано вкупно 408 грама наркотична дрога марихуана. Со истиот бил извршен разговор од страна на полициски службеници од Единицата за недозволена трговија со дрога, при што истиот делумно појаснил од каде ја набавил дрогата и на кого планирал да ја продаде.

Би можело да ве интересира

Во сообраќајка згасна животот на татко и син од Марино – се судрија со автомобил управуван од 19 годишник

А1он

Уапсен е битолчанец – кај него пронајдени три пушки и три пиштоли

А1он

Претреси на 32 локации во Скопје по наредба на судија, се проверуваат и простории на МВР

МВР потврди: Помошник директорот во сектор-администрација во Царина е приведен со обележани 17.500 евра

А1он

Битолската полиција за шест часа казни 77 возачи на мопеди и електрични тротинети

А1он

Убиство во Дуќанџик – пукаа кон петмина, 26 годишен скопјанец настрада

А1он