Скопска епархија: Ни Скопската епархија, ниту Калишкиот манастир немаат нарачано, ниту платено каков било пловен објект

Од:

„Во врска со јавно изнесените напади по интернет порталите, дневниот печат и социјалните мрежи дека Македонската православна црква, односно Скопската православна епархија, извршила набавка на пловен објект-чамец кој чини 180.000 илјади евра, би сакале најостро да ги демантираме овие злонамерни лаги и конструкции.

Имено, очигледно е дека на информаторите единствена цел им е да нанесат штета на угледот и достоинството на Црквата, како и на личноста на Архиепископот. Но заради објективната јавност, ниту Скопската епархија ниту Калишкиот манастир немаат нарачано ниту, пак, платено каков било пловен објект. Во конкретниот случај, станува збор за пловен објект кој е сопственост на фирмата „Сис Травел Груп”, донесен на чување во манастирот Калишта, а од сопственикот на фирмата е дадена согласност и манастирот, по потреба, истиот да го користи.

Ги повикуваме медиумите што пишуваа на оваа тема, доколку поседуваат какви било докази спротивни на овој демант, веднаш да ги објават, а во спротивно, пак, јавно да се извинат за изнесените навреди и клевети. Ако истите не го сторат тоа во следниве три дена, против нив ќе поднесеме соодветни тужби“ се вели во демантот од канцеларијата на Скопска епархија

Би можело да ве интересира

Митрололитот Георгиј устоличен на тронот на Дебарско-кичевската епархија

Игуменот Георгиј е нов митрополит на Дебарско-кичевската епархија

Горан Наумовски

ВМРО-НП: Дали Македонската православна црква го слуша гласот на своето стадо или работи по диктат од надвор?

Струмичка православна епархија: Измамничка шема на профилот на Библиска Македонија

Српскиот патријарх Порфириј: Одлуката за МПЦ беше најспасоносна и најдобра, и за нив, и за нас, за сите

Предраг Петровиќ

Г.г. Стефан: Ништо друго не може да ни даде сила и утеха освен надежта во воскресението