Скопје утрово е најзагаден град во Европа

Од:

Скопје утрово е најзагаден град во Европа, покажуваат податоците на специјализираната страница за мерење на квалитетот на воздухот „IQAir“. Индексот на загаденост во Скопје достигна 163, што е висока вредност

Прв на листата на најзагадени градови во светот е Делхи во Индија, а по него се Лахор во Пакистан, Акра во Гана, Багдад во Ирак, Кабул во Авганистан, Дака во Бангладеш, Вухан и Ченгду во Кина, Ханој во Виетнам, а на десетто место е Скопје.

Според податоците на „IQAir“, Приштина е на 19-то место, Букурешт на 20-то, Белград на 25-то, Софија на 45-то и Атина на 63-то место.

Иницијативата „Зелен Хуман Град“ на протестниот марш против аерозагадувањето што се одржа на 10-ти овој месец во Скопје побара итно и системско справување со загадувањето на воздухот преку имплементација на ефикасни мерки кои ќе го заштитат здравјето на граѓаните и драстично ќе го намалат аерозагадувањето.

Организаторите на маршот, соопштија дека протестот се организира бидејќи секоја година од 3 828 до 5 000 луѓе во државава ги губат своите животи како директна последица на изложеноста на штетните честички ПМ2.5. Ова претставува 17,7 отсто од вкупната смртност во државата. Особено загрижувачки е фактот дека едно од девет починати деца под една година го губи животот поради загадениот воздух, беше посочено на маршот.

Би можело да ве интересира

Ѓорѓиевски: Скопје, за жал, веќе подолг период е претворено во една голема депонија

Во Скопје 474.304 граѓани со право на глас ќе избираат помеѓу 16 кандидати за градоначалник и 19 листи за советници

Ѓорѓиевски: Скопје ќе стане првиот целосно – paper free град во државата, дигитален, модерен и транспарентен

(ВИДЕО) Запалени три возила во Аеродром, штетат е голема, полицијата уапси двајца пиромани

Горан Наумовски

Шукова од Кисела Вода: Имаме решенија загадувањето да не биде зимска судбина за Скопје

Влен: Синоќа Скопјe беше трансформирано во центар на албанското единство

Горан Наумовски