Скопје, Тетово, Куманово и Охрид со најмногу активни ковид случаи

Од:

Бројот на новозаразени, според дневните статистики на Министерството за здравство се намалува, но висока е бројката на починати од вирусот. Најпогодени, според надлежните институции, се невакцинираните граѓани, поради што продолжуваат апелите за што помасовна имунизација.

Како што информираше веб страницата ourworldindata.org., според бројот на смртни случаи, минатата седмица во Европа прва е Македонија со 96 починати лица, што е четврто место во светот. По Македонија се Бугарија, БиХ и Косово, а Србија се наоѓа на 27. место во светот.

Според податоците што ги објави вчера Министерството за здравство во претходното деноноќие од направени 4.015 тестирања се регистрирани 365 нови случаи на Кovid-19, 551 оздравен пациент, како и 23 починати лица, на возраст од 45 до 89 години.

Од активните 13.052 ковид случаи, најмногу, 5.833 се во Скопје. Над илјада активни случаи има во Тетово, а со висока бројка се и Куманово – 914, како и Охрид – 668, Струга – 638, Гостивар – 530, Струмица – 518.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 186.914, на оздравени пациенти е 167.402, а на починати е 6.460.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски