Скопје, Тетово и Гостивар се најголемите жаришта на Ковид-19 во земјава

Од:

Скопје и Тетово се со најголем број новозаразени од Ковид – 19, но кривата која минатите недели беше во раст веќе се исправа, а паралелно се зголемува бројот на оздравени и вакцинирани граѓани.

Последните дневни податоци регистрираа 882 нови случаи на Ковид-19, од вкупно направени 6.591 тестирање, а починати се 14 лица кои се на возраст од 49 до 84 години.

Од почетокот на епидемијата, во земјава се дијагностицирани 168.872 ковид-позитивни, оздравени се 152.098, а починаа 5.668 лица. Бројот на активни случаи изнесува 11.106, од кои речиси две третини се во три града – Скопје 3.693, Тетово 1855 и Гостивар 1513. Според статистиката на МЗ, во моментов нема град во земјава без активни случаи на Ковид-19.

Денеска продолжува вакцинацијата во здравствените домови. Од среда или четврток оваа недела повторно ќе биде отворен пунктот во спортскиот центар „Борис Трајковски“, но во малата сала.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски