Десетмина од починатите 40 во последното деноноќие се од Скопје. Жителите на главниот град кои не успејаа да се изборат со коронавирусот се на возраст од 49 до 84 години. Петмина од починатите се од Прилеп, по тројца има во Штип, Битола и во Гостивар. Вкупната бројка на починати во државава досега е 1345.
Скопје и натаму е рекордер и по бројот на новозаболени. Денешната бројка е 218 и Скопје повторно е единствениот град во државата со троцифрен број нови случаи. Во Скопје има 8614 активни заболени.
Нема промени ниту во однос на бројките во распределбата на случаите низ скопските општини. Аеродром е прв на листата според активните случаи. Оваа општина во моментов има 1294 заболени. Вторто место го држи Гази Баба со 1216, следуваат Карпош, Центар и Кисела Вода.
Четирицифрена бројка новозаразени има само уште Тетово. Денеска бројката во овој град е зголемена за 28 случаи. Куманово и Прилеп имаат речиси идентични бројки, 890 и 879. Лош е билансот и на Велес, Битола и на Струмица.