„Скопје сака птици“ – по повод Светскиот ден на птиците преселници

Од:

„Скопје сака птици“ е мотото на прославата што ќе се одржи денеска напладне во Градскиот парк, по повод Светскиот ден на птиците преселници.

Прославата ја организира Македонското еколошко друштво кое преку квизови, игри, креативни задачи и набљудување птици, сака да потсети дека и тие се жители на градот.

– Сакаме заедно со скопјани да ги прославиме пристигнатите птици преселници и да им посакаме успешно гнездење. Потребно е одржливо управување со природните ресурси, со секое дрво и секоја водена површина, потребна е природа во Скопје, велат организаторите.

Годинашна тема на Светскиот ден на птиците преселници е „Нивната иднина е и наша иднина – Здрава планета за преселни птици и луѓе“.

– Птиците преселници и луѓето ја делат истата Планета, а со тоа и истите ограничени ресурси. Птиците преселници се показатели за здрава Планета и функционални еко-системи бидејќи нивната миграција ги поврзува континентите, нагласуваат од Македонското еколошко друштво.

Птиците преселници поминуваат и до 14.000 километри низ светот за да гнездат. Исчезнувањето на местата каде што одмораат е една од главните причини за нагло намалување на нивната популација, во одредени случаи дури и до 80 отсто од 2000 година наваму. Се смета дека пресушувањето на водните површини, деградирањето на хабитатите и неодржливиот лов се најголемите закани за птиците.

Светскиот ден е кампања што ги слави птиците преселници и повикува на нивна подобра заштита. Македонското еколошко друштво секоја година организира настани за да потсети кои се заканите со кои се соочуваат птиците преселници и која е нашата улога.

Би можело да ве интересира

Муцунски: Скопје е подготвено за дијалог со Софија, но не и за учество во бугарската изборна кампања

Отстранет е одронот, повторно се вози во двете ленти на автопатот Скопје – Велес

Горан Наумовски

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

Дистопијата станува реалност: Русија развива роботски птици со домет од 400 километри

45-годишен маж од Скопје е пронајден мртов во неговиот дом

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски