Скопје повторно меѓу петте најзагадени градови во светот

Од:

Скопје повторно е меѓу најзагадените градови во светот, И денеска главниот град е на врвот на листата што ја објавува специјализираниот „IQAir“. Според последото ажурирање на податоците со индекс од 168, Скопје е на четвортот место во светот.

Во моментов, воздухот во главниот град е означен во категоријата „нездрав“.

Главен загадувач што е наведен се ПМ 2,5 честичките чија концентрација е 79,5 микрограми на кубен метар, додека ПМ 10 честичките се со концентрација од 83,9 микрограми на кубен метар.

Највисока загаденост утринава е регистрирана на мерното место во Лисиче, а потоа се во Кисела Вода и во Карпош 2.

Најзагаден град во светот во моментов е Сараево каде индексот на загадување е 228. По него се Делхи (Индија) и Лахор (Пакистан).

Би можело да ве интересира

48-годишен скопјанец е пронајден мртов во стан

Гиновска: Сериозна контрола на воздухот, речиси 400 неправилности во 2025

Трка на Дедомразовци во Скопје – учествуваа над 800 натпреварувачи

А1он

Семејно насилство во Скопје: 39-годишен маж ја нападна сопругата и својата мајка

ДОМ: Без итни мерки, стратешките цели нема да донесат чист воздух

По подобрувањето на воздухот, МЖСПП ги прекина мерките во Кичево