Скопје, по Виена, има најчиста вода за пиење во Европа

Од:

Водата што се испорачува до домовите на скопјани е со највисок квалитет. Како што рече денеска директорот на ЈП „Водовод и канализација“ Стојан Србиноски, по Виена, Скопје има најчиста вода за пиење во Европа.

При посетата на Центарот за санитарна контрола што функционира во рамки на претпријатието, Србиноски, укажувајќи на техничките можности за анализа, истакна дека граѓаните не треба да се грижат за водата за пиење и во однос на количината и во однос на квалитетот во наредните најмалку 50 години.

– Покрај редовната контрола на водата за пиење, во Центарот се вршат и испитувања на отпадните води што се испуштаат во реката Вардар, посочи Србиноски.

Според директорката на Центарот Катерина Димовска, примероци за анализа на водата за пиење се земаат секој ден од вкупно 36 мерни точки. Во трите лаборатории со кои располага Центарот, за питки и за отпадни води, како и за микробиолошки испитувања, се спроведуваат и периодични анализи на 21 мерно место во околината на Скопје, селата, изворите Лепенец и Нерези, а се следи и емисијата на комуналните и индустриските отпадни води.

– Ако кој било граѓанин смета дека има проблем со водата за пиење, во секој момент може да ги алармира дежурните служби кои веднаш излегуваат на терен и земаат мостра за анализа на евентуалната загаденост, напомена Димовска.

Одговорајќи на новинарски прашања, директорот Србиноски рече дека наплатата на водата е солидна, но може да биде подобра. Случаите на крадење, согласно најновите законски измени, веќе се третираат како кривично дело па претпријатието може да покрене тужба.

Би можело да ве интересира

Без вода неколку улици во Центар и Карпош

Ана Ололовска

ЕСМ во следните 10 години ќе ги снабдува скопјани со парно греење

Орце Костов

Без вода жителите од населбата Долно Лисиче

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Змија на кејот на Вардар во Скопје: Топлото време ги раздвижи змиите

А1он

Водата во главниот канал во Венеција стана флуоресцентно зелена

Горан Наумовски

Насилство во Скопје: Со автомобил му го попречи патот, па му се закануваше со пиштол

Горан Наумовски