Скопје: Нови десет смртни случаи и 323 новозаразени со коронавирус

Од:

Во Скопје во изминатиот ден уште десетмина пациенти, на возраст од 40 до 93 години, починале како резултат на инфекција со коронавирусот, информираат од Министерството за здравство.

Во тој период, во главниот град се регистрирани нови 323 лица заразени со вирусот, а 349 пациенти оздравеле, покажуваат официјалните податоци.

Бројот на активни случаи во Скопје сега изнесува 11.527, а од почетокот на пандемијата, во главниот град се заразиле вкупно 32.942 луѓе.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во целата земја од почетокот на епидемијата изнесува 76.251, бројката на оздравени пациенти е 52.413, на починати е 2.225, а бројот на активни случаи изнесува 21.613.

Би можело да ве интересира

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

Орце Костов

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски

Три години откако СЗО прогласи пандемија од Ковид-19, вирусот се уште присутен, но со намален интензитет

Ана Ололовска

Најзаразниот сој досега, „кракен“, не е откриен кај нас, но последната анализа е направена на 5 декември

Осум починати, 196 нови случаи на Ковид-19 минатата недела

Ана Ололовска