Скопје повторно меѓу најзагадените градови во светот

Од:

Скопје утринава повторно се најде на врвот на листата на најзагадените градови во светот, според платформата IQAir, која го следи аерозагадувањето во реално време.

Со индекс на квалитетот на воздух од 162, аерозагадувањето во Скопје во моментов е штетно по здравјето. На врвот на листата утринава се најде главниот град на БиХ, Сараево.

Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) вчера информира дека во Скопје е надминат прагот дозволени ПМ10 честички во воздухот и дека стапија во сила препораките од Уредбата за гранични вредности за нивоа и видови загадувачки супстанции во амбиентниот воздух и прагови на алармирање.

Исклучително опасен е и воздухот во Битола каде индексот на квалитет на воздухот во 10 часот беше 163.

Би можело да ве интересира

Муцунски: Скопје е подготвено за дијалог со Софија, но не и за учество во бугарската изборна кампања

Отстранет е одронот, повторно се вози во двете ленти на автопатот Скопје – Велес

Горан Наумовски

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

45-годишен маж од Скопје е пронајден мртов во неговиот дом

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски

48-годишен скопјанец е пронајден мртов во стан