Скопје, Куманово и Тетово имаат најмногу заболени од Ковид-19

Од:

Скопје, Куманово, Тетово, Прилеп и Битола се градови со најголем опфат на заболени од Ковид-19. Во државата доминира делта-сојот, додека новиот омикрон уште не е регистриран.

Вкупниот број случаи годинава заклучно со 7 декември е 134.460. Од нив, починати се 4.784, или 3,56 отсто, информираше вчера епидемиологот Драган Кочински од Институтот за јавно здравје. Тој потсети дека првиот регистриран случај е на 26 февруари минатата година, а прв регистриран кластер е во Дебар. Во 2020 година имало вкупно 83.734 случаи, а починале 2.904, или 3,47 отсто.

Поголем ризик за смрт постои кај мажите, бидејќи 59,5 отсто од починати се мажи, а 50,8 проценти се жени.

Од заболените, доминира возрасната група на 60 години. Во поголемите градови се регистрирани и најголем број на починати, но поголема смртност има и во други градови, на пример Струга, Крива Паланка, Крушево. Во Скопје во моментов има најмногу активни случаи.

Карактеристично е тоа што во централниот дел на државата има најмногу заболени со Ковид-19.

Максимален број на ПЦР и Брз рапид тест направени во текот на еден ден се 9.296 тестови.

Во Кавадарци, Неготино и Охрид има највисок опфат на вакцинирани со две дози, а најнизок во Дебар, Струмица и Гостивар.

Инаку, кај нас не се намалува бројот на заболени од Ковид-19. Во текот на вчерашниот ден беа регистрирани нови 167 случаи на Ковид-19, од направени 1.478 тестирања. Оздравени се 275 пациенти, а починати седум лица.

Од новодијагостицираните случаи, во Скопје се 110, Кавадарци и Кочани по 9, Гевгелија 7, Битола – 5, Куманово, Прилеп и Охрид по 3.

Досега во земјата се направени вкупно 1.493.451 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 218.362, бројот на оздравени пациенти е 204.960, на починати е 7.695. Вкупно има 5.707 активни случаи.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски