Скопје ќе добие нови автобуски постојки

Од:

ЈСП ја избра компанијата „Турбоинженеринг“ од Скопје како најповолен понудувач за изработка на новите автобуски постојки што ќе се постават на целата територија на главниот град.

Според информациите што ги објави весникот „Дневник“, понудата на оваа компанија изнесувала 983.606 евра, за разлика од второрангираната „Факом“ од Скопје која на електронската аукција понудила сума од 1,7 милиони евра за реализација на проектот.

Македонската метропола ќе ги добие првите 50 автобуски постојки до април 2013 година, а планот на ЈСП е поставувањето на сите 226 објекти за патниците да заврши до крајот на наредната година.

Би можело да ве интересира

45-годишен маж од Скопје е пронајден мртов во неговиот дом

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски

48-годишен скопјанец е пронајден мртов во стан

За Бадник и Божик автобусите ќе сообраќаат по неделен возен ред

ЈСП со променет ред на сообраќај и работно време за празниците

Трка на Дедомразовци во Скопје – учествуваа над 800 натпреварувачи

А1он