Скопје-Јасен-Македонски Брод само со теренски возила

Од:

АМСМ информира дека патниот правец Скопје – Македонски Брод преку Јасен е пуштен за сообраќај, но само за теренски возила. Овој пат беше целосно затворен за сообраќај поради одрон.

Екипите на Македонија пат продолжуваат да работат на оспособување на патниот правец за нормално одвивање на сообраќајот.

Од 09.08.2016 година од 17:55 часот, Обиколницата Скопје е пуштена за сообраќај во двата правци, но има делови од коловозот кои се оштетени, каде се поставени сообраќајни знаци за регулирање на брзината на движење на возилата.Возачите се предупредуваат на зголемена препазливот на Обиколницата Скопје.

Сообраќајот на сите останати државни патишта се одвива без забрани, по наместа влажни коловози.

Од АМСМ препорачуваат внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно да се внимава низ клисурите, каде постои можност за појава на одрони кои наместа може да го попречат движењето на возачите.

Би можело да ве интересира

Спасен Германец кој залутал на Скопска Црна Гора

Катерина Ѓуровски

Забрани за товарни возила низ државава, снежни врнежи се очекуваат и ноќва

А1он

Нормализиран сообраќајот на патот Гевгелија-Богданци

Поради излизгана машина за чистење снег во прекин сообраќајот на патот Гевгелија – Богданци

Катерина Ѓуровски

Сообраќајот се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози и наместа со остатоци од кашест снег

Забарана за тешки товарни возила на два патни правци