Продолжува да расте бројот на новозаразени со Ковид-19 во земјава, па така во претходното деноноќие се регистрирани 609 нови случаи со што вкупната цифра на активни случаи на корона-вирусот се искачи 13.406.
Во истиот период регистрирани сe 347 оздравени пациенти, како и 22 починати лица, сите во болнички услови.
Најголем број новозаразени и вчера имашево главниот град, 276. За разлика од Скопје, во Тетово се намалува бројот на новопријавени случаи. Вечера имаше девет нови, но градот останува со четирицифрена бројка активни случаи. Заклучно со вчерашниот ден во Тетово има 1.175 болни. Поголема бројка има едниствено Скопје во кој има 5.828 активни случаи.
Најотпорни на коронавирусот и натаму се помалите градови како Дојран и Демир Капија во кои има три активни случаи, по 11 заболени имаат Демир Хисар и Пехчево. Сите останати градови во земјава бројат по 20 и повеќе случаи.