Скопје и Софија ја зајакнуваат соработката за справување со мигрантите

Од:

Министрите за внатрешни работи и за одбрана на Македонија Оливер Спасовски и Зоран Јолевски на денешната средба со бугарските колеги Румјана Бачварова и Николај Ненчев договориле зајакнување на соработката меѓу двете земји за полесно справување со проблемот со мигрантите. 

На средбата, која се случила на граничниот премин Ново Село – Златарево, како што соопшти македонското МВР, министрите размениле информации и меѓусебни искуства и се договориле за зајакнување на соработката за полесно справување со проблемот со мигрантите.

– Оваа криза добива на интензитет од ден на ден и затоа мораме да бидеме подготвени да пратиме порака до граѓаните на двете држави дека сме решени да се справиме со кризата. Кризата може да се надмине само ако имаме мудри одлуки на земјите – членки на ЕУ и добра координација меѓу соседните држави од регионот, рече Спасовски.

Спасовски, како што соопшти МВР, посочил дека соработката меѓу овие министерства ќе се продлабочува и оти ќе биде направено се што е можно да им повеќе заеднички контроли на границите на Република Македонија и Република Бугарија за да не дозволиме да се отвори нов коридор за влез на бегалци.

Би можело да ве интересира

Полицијата ловеше пијани возачи – одземени се 58 возачки дозволи

А1он

МВР: Уапсен е 73-годишен паланчанец кој силуваше 75-годишна познаничка

Нова кривична пријава против поранешниот градоначалник на Струмица Костадин Костадинов

Катерина Ѓуровски

Кривична пријава против директор и вработени во УХМР за злоупотреба на службената положба

На „Блаце“ уапсен кондовец баран за тероризам – му се закануваат 16 години затвор

А1он

Кривична за криминалците кои одземаа пиштол од полицаец, фрлија кеса со марихуана и бегаа по автопат

А1он