Скопје единствен со троцифрен број активни случаи, осум града се ослободија од Ковид-19

Од:

Нема ниту еден починат ковид-пациент во претходното деноноќие, првпат по 10 месеци, а регистрирани се осум новозаразени од 3.068 тестирања и девет оздравени.

Досега во земјата се направени вкупно 834.099 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 155 536, бројката на оздравени пациенти е 149 628, на починати е 5471, а бројот на активни случаи изнесува 437.

Во Скопје има 189 активни случаи, Куманово – 52, Прилеп – 33, Тетово – 28, Кичево-26. Во осум градови, Кавадарци, Ресен, Берови, Пробиштип, Богданци, Демир Капија, Пехчево и Дојран, нема ниту еден заразен, во три града, Валандово, Македонски Брод и Крушево, само по еден активен случај.

Покрај намалувањето на новозаразени лица, сè е помал бројот и на ковид-пациентите кои се лекуваат во болниците низ државата. На болничко лекување во целата држава се 105 пациенти, од кои 37 се во Скопје.

Во претходното деноноќие од коронавирусот, во Скопје е хоспитализиран само еден пациент – во ковид-центарот во ГОБ „8 Септември“.

Во главниот град, 22 пациенти се хоспитализирани на Инфективната клиника, 14 се лекуваат во ГОБ „8 Септември“ и двајца на Институтот за ТБЦ. Има околу 90 слободни места.

Во ковид-центрите во болниците низ земјава се лекуваат вкупно 68 пациенти позитивни и сомнителни на КОВИД-19 – во Битола се хоспитализирани четворица пациенти, во Штип и во Струга по пет, Тетово и Прилеп имаат по тројца пациенти, Велес и Охрид по шест, Куманово 18, Гостивар има осум, Струмица девет, Кичево еден, а во Кавадарци и Гевгелија нема хоспитализирани.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски