Скопје: Деветмина починати и 431 новоинфициран, во Гази Баба над 1.500 активно заразени

Од:

Во изминатите 24 часа во Скопје е забележан 431 нов случај на лица заразени со коронавирусот, а во тој период починале уште деветмина пациенти од главниот град, на возраст од 54 до 86 години, соопшти Министерството за здравство.

256 пациенти оздравеле во изминатото деноноќие, а бројот на активни случаи во Скопје сега изнесува 10.211, според официјалните податоци.

Гази Баба денеска стана првата скопска општина во која има над 1.500 активни случаи на Ковид-19, а блиску до таа бројка е и Аеродром (1.471). Во уште три општини во главниот град има четирицифрени бројки на активни случаи:

• Чаир – 628
• Гази Баба – 1517
• Аеродром -1471
• Карпош – 1194
• Центар – 1144
• Кисела Вода – 1268
• Ѓорче Петров – 895
• Бутел – 588
• Шуто Оризари – 209
• Студеничани – 53
• Сарај – 166
• Арачиново -33
• Илинден – 259
• Сопиште – 60
• Чучер Сандево – 102
• Петровец –138
• Зелениково -82
• Странец – 197
• Нераспределен- 207

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски