Скопје денеска со повеќе активности одбележува 59 години од земјотресот кој го разори градот.

Од:

Скопје денеска со повеќе активности одбележува 59 години од земјотресот кој го разори градот.

Собраниска делегација, во состав Даниела Николова и Тони Јаревски, ќе положи венец пред Споменикот на загинатите од земјотресот на Градските гробишта Бутел. Почит ќе оддаде и владина делегација предводена од вицепремиерот задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ, пред споменикот на жртвите од земјотресот во Скопје.

Град Скопје и јавните културни установи традиционално ќе организираат голем број настани.

Во МКЦ по повод сеќавањето на земјотресот, најавен е настан насловен „За Скопје“, во чии рамки ќе се случува поетско читање, отворање на изложбата „За Скопје, со љубов од целиот свет“, „1963: Good Night Skopje“ и музичка програма.

Во разорниот земјотрес на 26 јули 1963 година животот го загубија 1.070 лица, а околу 3.000 беа повредени. Беа урнати 15.800 станови, а оштетени околу 28.000. Над 200.000 луѓе останаа без покрив над главата. Првата помош за граѓаните на Скопје дошла од војската и граѓаните на тогашните југословенски републики, а неколку дена по земјотресот започнала да пристигнува помош и спасувачки екипи од целиот свет.

Точно 87 нации од светот испратиле некаква помош во Скопје кои помогнале градот да се изгради повторно, поради што го носи и епитетот „град на солидарноста“.

Би можело да ве интересира

Заев: Скопје стана град на солидарноста, место на кое се обединија пораките и молитвите за поддршка и за споделување на болката

Ана Ололовска

Тура низ Скопје инспирирана од книгата „Мистериозниот град под калето“

Ана Ололовска

Традиционална крводарителска акција во знак на сеќавање на катастрофалниот земјотрес во Скопје

Ана Ололовска

Скопје одбележува 58 години од катастрофалниот земјотрес

Ана Ололовска

Скопје одбележува 58 години од катастрофалниот земјотрес

Ана Ололовска

Повторно земјотрес во Охрид и Ресен

Предраг Петровиќ