Скопје: 57 возачи исклучени од сообраќај поради висока брзина, тројца поради управување под дејство на алкохол

Од:

Вкупно 57 возачи се исклучени од сообраќај затоа што се движеле со поголема брзина од дозволената со сообраќаен знак, други тројца поради управување возило под дејство на алкохол, а 12 без сообраќајна дозвола.

СВР Скопје денеска соопшти дека по преземените мерки и активности вчера на подрачјето на град Скопје од сообраќај се исклучени и осум нерегистрирани возила. Пајакот подигнал 59 возила.

Во текот на вчерашниот ден се случиле и вкупно девет сообраќајки, при што е причинета материјална штета во три, а со лесни телесни повреди се здобиле осум лица.

СВР СКопје информира дека се преземени мерки и за 21 пешак, кои кои поминале коловоз вон пешачки премин 21 и за шест други кои поминале коловоз на црвено светло.

Би можело да ве интересира

Муцунски: Скопје е подготвено за дијалог со Софија, но не и за учество во бугарската изборна кампања

Отстранет е одронот, повторно се вози во двете ленти на автопатот Скопје – Велес

Горан Наумовски

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

45-годишен маж од Скопје е пронајден мртов во неговиот дом

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски

48-годишен скопјанец е пронајден мртов во стан