Скопјанка повредена во сообраќајка

Од:

Скопјанка е повредена во сообраќајна несреќа која околу 15 часот се случила на улицата Лука Геров во скопската населба Новоселски пат, објави Канал 5.

Жената возела „фиат“, а во еден момент, од засега непознати причини удрила во „сеат“ кој се движел од спротивен правец. По ударот, таа била нагмечена во автомобилот. Жителите на населбата притрчале да ја извлечат и повикале противпожарна екипа. Жената е пренесена во болница.

Причината за сообраќајката ќе се утврдува. Еден од очевидците за телевизијата изјавил дека веројатно на жената и се слошило пред сообраќајката и поради тоа изгубила контрола над возилото.

Би можело да ве интересира

Во сообраќајка на патот Битола – Прилеп загина 17годишна девојка

А1он

Млад возач од Крушопек прегази во Скопје гевгеличанка на велосипед

А1он

Пронајдени двајца починати мажи во Тетовско

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата

Прегазено дете во Штип