Скопјанка починала во угостителски објект

Од:

52-годишна скопјанка починала во угостителски објект на улицата „Радишанска“ во главниот град. Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт без траги на насилство.

– На 25.02.2023 во 22.17 часот од Итна медицинска помош во СВР Скопје било пријавено дека во угостителски објект на ул.“Радишанска“ имало починато женско лице. Од страна на полициски службеници излезено било на местото на настанот и констатирано било дека се работи за С.Д.(52) од Скопје. Од страна на лекар од Итна медицинска помош констатирана била смрт без траги на насилство се наведува во соопштението од Министерството за внатрешни работи.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатата било предадено во Институтот за судска медицина за обдукција.

Би можело да ве интересира

Охриѓанец почина откако кануто му се превртело во Езерото

Катерина Ѓуровски

66-годишен маж пронајден починат во неговиот дом во Кичево

Катерина Ѓуровски

Избегал од затворот во Струмица па ја грабнал поранешната девојка

Полјаци со четирицикли влегле во воени магацини во Тетово, четворица приведени

Човечки труп пронајден во канал во Бардовци

Катерина Ѓуровски

Трагедија во радовишко: 77-годишник загина при сечење дрва