Скопјанка насилно внесена во возило, во Пинтија успеала да избега

Од:

Скопјанка околу 03.30 часот во Единицата за известување и командување пријавила дека синоќа околу 22 часот противправно била лишена од слобода од непознато лице.

МВР информира дека во наведеното време М.С. (41) била во дневната соба и забележала непознато лице како стои на балконот од нејзината куќа. Кога излегла да види кој е, непознатото лице ја фатило за коса, насилно ја одвлечкало и ја внело во патничко возило и се упатило над манастирот „Св. Еремија“ во населба Пинтија.

Кога застанале лицето со некого почнало да се допишува на мобилен телефон, М.С. успеала да ги отклучи вратите од возилото и да избега. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

МВР: Запленивме над 40 тони дрога и биомаса

Горан Наумовски

Измамени две стари лица за лажни сообраќајки и лажно претставување како лекари на подрачјето на Штип во последните 24 часа

МВР: Ќе се формира национален комитет за заштита на новинарите, нивната безбедност е врвен приоритет

Граѓанците да ги ажурираат податоците за „Безбеден град“, повика МВР

Тешко повредени тројца пешаци во три сообраќајни несреќи

Стопанска комора: Потребни се решенија, не блокади на граничните премини