Скопјанка ги пријавила синот и сопругот за вознемирување, полицијата ги привела

Од:

Четириесет и двегодишна жена од Скопје која времено престојувала во Тетово ги пријавила синот и сопругот за повеќекратно вознемирување. Тие дошле до домот на жената во Тетово и се заканувале, а потоа двајцата се приведени.

-Вчера во 22 часот и 50 минути, 42-годишна скопјанка со времено престојувалиште во Тетово, во СВР Tетово пријавила дека нејзиниот 50-годишен сопруг и 19-годишен син, во текот на денот неколку пати ја вознемирувале во домот и и се заканувале по животот. Двајцата пријавени лишени се од слобода на улица „ЈНА“ во Тетово и задржани се во Полициската станица Тетово, информираше денес СВР Тетово.

Полициските службеници ќе ја продолжат работата за расчистување и документирање на случајот.

Би можело да ве интересира

Уапсен возачот кој синоќа усмрти пешак во Марино

Пронајдено женскo тело во распаѓање во Кочанско

Катерина Ѓуровски

Починато 18- годишно момче било донесено во болницата во Гостивар

21-годишник возел 105 километри на час на булевар во Штип

Полицијата го пронајде возачот кој удри во 11-годишно девојче и избега

МПЦ-ОА пријавила кражба од црква во Скопје вредна над 150.000 денари