Скопјани заработија кривични пријави за организирање „комар“

Од:

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје до надлежното Јавно Обвинителство поднесе кривична пријава против Б.Р.(35) осомничен за „Комар“ и Б.Г.(57) пријавен за „Помагање“, кои исто така добија и триесетдневен притвор.

Како што соопшто МВР, првопријавениот потпомогнат од второпријавениот како вработен во локалот во негова сопственост во трговскиот центар „Васил Главинов“, во текот на месецов неовластено организирале комар и други игри на среќа што е забрането.

На 21 јануари година во локалот каде бил организиран комарот или други игри на среќа што се забранети, од страна на мобилните едници АЛФИ била извршена проверка при што било констатирано дека во просториите сопственост на Б.Р. се користеле и покер апарати.

По обезбедена судска наредба за претрес од страна на истражен судија од Основен суд Скопје 1 Скопје, извршен е претрес во локалот каде биле пронајдени шест покер апарати како и десет шишиња со алкохолнен пијалак со косовски бандероли или без бандероли.

Исто така првопријавениот појаснил дека не поседува соодветна документација – лиценца за приредување игри на среќа, а исто така и не поседува никаков писмен договор за издавање на локалот на друго физичко или правно лице.

Кај двајцата пријавени при претресот биле пронајдени и парични средства во вкупен износ од 25 илјади 970 денари и 20 Евра кои претставувале повеќедневен промет од организирањето на комарот или други игри на среќа. Паричните средства заедно со покер апаратите и алкохолните пијалоци им се одзмени со потврда за привремено одземени предмети.

Двајцата пријавени од страна на СВР Скопје – Единица за економски и компјутерски криминал беа однесени пред Истражен судија кој им одреди по 30 дена домашен притвор.

Би можело да ве интересира

Арсенал оружје пронајден кај вработен во МВР, обвинителството бара притвор

Катерина Ѓуровски

СДСМ најостро го осудува палењето на возилото на претседателот на ОО Кривогаштани

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Власта на Мицкоски и ДПМНЕ не прифати покачување на платата на полицајците за 20 отсто

Осумдневен притвор за 32-годишен скопјанец поради „тешка кражба на дрзок начин“

А1он

Притвор за полицаец поради продажба на кокаин

А1он

Oткази за 15 високи службеници во МВР

А1он