Скопјани традиционално на заедничко бадникување

Од:

Со бадниковата химна и подигање на бадникарското знаме денеска пред платото на Соборниот храм „Св. Климент Охридски“ ќе се одржи 21-то традицонално скопско бадникување, што го организира Здружението на граѓани Одбор за прослава на Бадник.

Поглаварот на Македонската православна црква Архиепископот охридски и македонски г. г. Стефан напладне ќе му го предаде бадниковиот ќуп на новиот кум-скопскиот бизнисмен Даниел Воиновски.

Здравичари се Влатко и Силви Плевнеш од Силви бенд, кои се автори и исполнители на Бадникарската химна.

На свеченоста на скопјани ќе им се обратат градоначалникот на Скопје Коце Трајановски, старите кумови Борче Петрушевски и Александар Пановски – Мац, како и новиот кум Даниел Воиновски.

Средбата завршува со чинот на примопредавање на ќупот и кршењето на погачата со златна паричка, што се смета дека ќе му донесе среќа во текот на годината на тој што ќе ја добие. Со пајтонот, симболот на старо Скопје, новиот кум бадникар заедно со ќупот и семејството ќе замине од пред платото на Соборниот храм.

Делегација на Одборот за прослава на Бадник, заедно со кумот за 2013 и годинава ќе го посети домот за стари лица „Мајка Тереза“, каде што на своите сограѓани сместени во домот ќе им ја пренесе атмосферата пред Бадник. Кумот ќе предаде пригодни подароци на секој од жителите на домот.

Би можело да ве интересира

Муцунски: Скопје е подготвено за дијалог со Софија, но не и за учество во бугарската изборна кампања

Отстранет е одронот, повторно се вози во двете ленти на автопатот Скопје – Велес

Горан Наумовски

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

45-годишен маж од Скопје е пронајден мртов во неговиот дом

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски

48-годишен скопјанец е пронајден мртов во стан