Скопјани нападнале полицаец што им пишал сообраќајна казна, во кичевско нов судир со дрвокрадци

Од:

Вчера околу пладне на булеварот „Словенија“ во Скопје, на влезот за Визбегово, сообраќајни полицајци сопреле патничко возило „дачиа дастер“, со скопски регистарски ознаки, управувано од И.И.(54) од Скопје, во кое сопатници биле три лица. Притоа, полицајците констатирале прекршок и му издале записник на возачот, информираат од МВР.

Малку подоцна, на истиот булевар, во близина на крстосницата со магистрален пат Скопје-Блаце, казнетиот возач со својот автомобил му го пресекол патот на полициското возило, излегол од него, заедно со сопатниците, а еден од нив физички нападнал еден од полицајците, се вели во полициското соопштение.

Набргу потоа, возачот и другите лица биле пронајдени и приведени во полициска станица.

„Станува збор за А.И.(51), Р.И.(56) и М.И.(53), сите од Скопје. По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок,“ велат од МВР.

Во друг инцидент, на шумски пат кај кичевското село Кнежино, Д.В.(38) од Кичево, со физички напад се обидел да спречи полициски службеници во преземање службени дејствија кон возач на товарно возило кој превезувал 15 кубни метри огревно дрво без соодветна документација.

ОВР Кичево поднесе кривична пријава против Д.В. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „спречување на службено лице во вршење службени дејствија,“ информираат од МВР.

Би можело да ве интересира

Седум полицајци се повредени во експлозија во Украина, Зеленски тврди: Тоа е тероризам

Американец истепа двајца полицајци кај Демир Капија

Горан Наумовски

„Безбеден град“ детектира 4.910 прекршоци за седум дена

Тошковски: Донација од САД вредна околу еден милион евра за бомбашкиот оддел на МВР

А1он

Ги криеја регистарските таблици – полицијата приведе двајца скопјани, а возилата им се одземени

А1он

Припадничка на МВР киднапираше и претепа колешка, причината засега е непозната

Горан Наумовски