Скопјаните А.Б. и В.К. добиле притвор од по 30 дена поради криумчарење на мигранти, соопштуваат од МВР. При рутинска контрола на нивниот камион биле затекнати 20 мигранти, од кои половина биле од Сомалија, а половина од Авганистан.
Според МВР, двајцата скопјани требало мигрантите да ги превезат до Куманово, а превозот по лица добивале по 15 илјади денари.