Скопјани ја ограбиле фирмата за достава на пратки во која работеле, па лажеле дека ги ограбил некој друг

Од:

Двајца скопјани, на возраст од 19 и 22 години, биле приведени откако полицијата утврдила дека го поделиле дневниот промет од компанијата за брза достава на пратки во која работеле, а потоа инсценирале дека биле ограбени од трето лице, соопшти МВР.

„Денеска (23.11.2020) полициски службеници од ЕВР ОКР Гази Баба по добиени оперативни сознанија ги приведоа М.М. (22) и Р.М. (19) од Скопје а во врска со пријавено кривично дело разбојништво на 18.11.2020, при што бил
одземен дневниот промет од фирма за брза достава на пратки,“ се вели во соопштението од МВР.

„Разбојништвото го испланирал вработениот Р.М. откако претходно се договориле со М.М. и на локалниот пат с.Чифлик-с.Ржаничино кај место викано кисела вода, откако Р.М. ги доставил сите пратки и ги собрал парите, на посоченото место М.М. со дигалка го скршил стаклото од возачката врата на службеното возило на фирмата, по што ги поделиле парите од дневниот промет,а потоа вработениот Р.М. пријавил на 192 дека наводно му било извршено разбојништво,“ додаваат од полицијата.

По документирање на случајот ќе следи соодветна пријава, најавуваат од МВР.

Би можело да ве интересира

Скопјанец украл кредитна картичка од познаничка и подигнал 1.700 евра

Кражба на кабел за фотоволтаици, направена е штета од 15.000 евра

А1он

Службеник од Прилеп крадел пари од касата на локалната градска болница

Украл возило и возел под дејство на алкохол, па излетал од патот

Полицијата уапси тројца крадци кои ограбиле фирма

Скопјанец украл 10 илјди евра од менувачница