Скопјани и вечерва „се гушат“, Скопје деветти најзагаден град во светот

Од:

Воздухот во Скопје и вечерва е загаден далеку над дозволените границите и скопјани се „трујат“ со отровен воздух.

Мерните станици покажуваат загаденост од околу 400 ПМ10 честички на метар кубен, со што Скопје е деветти град по загаденост во светот.

Мерната станица „11 Октомври“ покажува 406 ПМ10 честички на метар кубен, Ректорат загаденоста е 405, додека во Карпош е 313 ПМ10 честички на метар кубен.

Освен главниот град, загадено и во Тетово каде што мерната станица покажува 212 ПМ10 честички на метар кубен. Во Миладиновци 196, Струмица 355, Кавадарци 292, додека најзагадено е во Битола 527 ПМ10 честички на метар кубен.

Би можело да ве интересира

Муцунски: Скопје е подготвено за дијалог со Софија, но не и за учество во бугарската изборна кампања

Отстранет е одронот, повторно се вози во двете ленти на автопатот Скопје – Велес

Горан Наумовски

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

45-годишен маж од Скопје е пронајден мртов во неговиот дом

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски

48-годишен скопјанец е пронајден мртов во стан