Скопјани ѕверски малтретирале сограѓанин оти им понудил под закуп туѓ стан

Од:

Тројца скопјани киднапирале и се изживувале врз нивен сограѓанин, горејќи го со цигари и нанесувајќи му електро шокови.

Како што соопшти полицијата, кривична пријава е поднесена против лицата А.А. (22), Н.Љ. (23) и Ж.Љ. (26) сите од Скопје. Од страна на Судија на претходна постапка на сите пријавени им се одземени патните исправи и им е наредено задолжително еднаш во неделата да се пријавуваат во надлежен Суд.

Кривичното дело пријавените А.А. и браќата Н.Љ. и Ж.Љ. го извршиле во вечерните часови на 12 октомври, кога киднапирале лице од Скопје и го држеле 13 часови во стан во центарот на градот, при што свирепо физички и психички го малтретирале.

Според дадените изјави на пријавените во полициска станица, причината за сторувањето на кривичното дело е тоа што oштетениот за паричен надомест им понудил да им издаде стан под закуп во центарот на градот, кој не бил негова сопственост, туку му бил даден за одржување од страна на негова пријателка. Пријавените сметале дека се измамени од оштетениот и телефонски го повикале да дојде во станот за да се договорат околу закупот на станот и да ги потпишат документите во врска со закупот.

Кога оштетениот пристигнал во станот веднаш бил физички нападнат од А.А., по што бил врзан и 13 часа пријавените го држеле затворен во станот и при тоа за цело време на свиреп начин физички го малтретирале, нанесувајќи му повеќе телесни повреди по телото, изгореници со цигари, го терале да пие вода во која растворале некоја прашкаста материја и му задавале електро шокови со батериска направа. За цело време додека траело изживувањето тие го снимале со мобилни телефони, барајќи од него да признае дека ги измамил и да не го пријавува случајот во полиција, туку да каже дека го тепале непознати лица. По тринаесетчасовното свирепо малтретирање, пријавените му ја истрижале косата на главата и со возило го однеле и го оставиле на улица во центарот на градот, од каде оштетениот успеал со такси возило да стигне до ГОБ „Св. Наум Охридски“, каде му се констатирани тешки телесни повреди и е задржан за понатамошно лекување.

Веднаш по дознавање за кривично правниот настан, А.А. и браќата Н.Љ. и Ж.Љ. од страна на полициски службеници на Единицата за прв одговор и интервенција АЛФА се лишени од слобода и во изјавите дадени во полициска станица во целост го објасниле начинот на кој го сториле делото.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Панче Тошковски го суспендира командирот од Ропотово, Даница Чадиева од СДС преку Второстепена го враќа

Полицајци земале поткуп од странци, па им фингирале документи дека влегле или излегле од Македонија

(ВИДЕО) Кузеска: Скандалот во МВР со испитниот центар смрди на корупција!

Млада жена се обидела да ја убие бабата на сопругот, поведена истрага

МВР: На ниту еден граѓанин не му беше скратено правото да присуствува на вчерашниот протест во Кочани

Предраг Петровиќ

Скопјанка криумчарела мигранти од Египет