Скопјанецот повреден со огнено оружје во Чаир бил нападнат од две лица

Од:

Скопјанецот А.Т. кој вчера попладне во 15.15 часот беше повреден со огнено оружје во Чаир бил нападнат од две лица.

Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека еден од напаѓачите со тврд предмет го удрил 41-годишниот маж во грбот, а другиот напаѓач од огнено оружје испукал неколку куршуми во долниот дел од неговото тело.

Веднаш потоа лицата го напуштиле местото на настанот кој се случил на крстосницата од улиците „Никола Малешевски“ и „Благоја Паровиќ“, во непосредна близина на објект во изградба.

А.Т. со возило бил пренесен во Клиниката по хируршки болести „Св. Наум Охридски“ каде му биле констатирани тешки телесни повреди – две прострелни рани и една скршеница на потколеницата од левата нога и една прострелна рана од огнено оружје во натколеницата од десната нога.

– Поради сериозноста на повредите, А.Т. со возило на итна медицинска помош бил пренесен во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“. Увидна екипа од СВР-Скопје изврши увид и се работи на целосно расчистување на случајот, информира МВР.

Би можело да ве интересира

Две и пол години затвор за вработената во МВР што фалсификуваше возачки дозволи

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина

Уапсен е странски државјанин на „Ќафасан“ – со фалц документи проба да излезе од Македонија

А1он

Поднесено обвинение за дел од осомничените во предметот со фалсификуваните возачки дозволи

ВИДЕО: Казнета е жената со „Поршето“ која фрлаше ѓубре во Лепенец