Скопјанец застрелан во неговиот двор, кавга на соседи прераснала во крвопрлевање

Од:

25-годишен скопјанец со повреди од огнено оржје бил донесен во Комплексот клиники „Мајка Терезеа“ откако во него пукал сосед со кој имале недоразбирање во сообраќајот.

– На 06.08.2025 околу 01:10 часот во СВР Скопје, од Ургентен центар при Комплекс клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека кај нив со повреди од огнено оружје бил донесен О.Е.(25) од Скопје. Според пријавеното, околу 00:30 часот пред дворот од негова куќа на подрачје на Бит Пазар, поради недоразбирање во сообраќајот, настанала расправија помеѓу него и соседот Ќ.Ч., по што соседот физички го нападнал. Како што е пријавено, после тоа Ќ.Ч. и лицата М.Ч., Ш.Ч., О.Ч. и Б.М. влегле во дворот на О.Е. и физички ги нападнале и неговиот татко и брат Д.Е. и М.Е., при што Ќ.Ч. извадил пиштол, пукал и го погодил О.Е. во градниот кош и раката, извести МВР.

Увид извршила екипа на СВР Скопје и на местото биле пронајдени три чаури. По целосно расчистување и документирање на случајот, ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Би можело да ве интересира

Битолчанка и Естонец измамиле стотици граѓани со лажна инвестициска платформа

Малолетник од Боговиње ранет во стомакот, наводно од случајно испукан куршум

Катерина Ѓуровски

Млад делчевец нашол 114.000 денари и 2.000 евра, ги однел во полиција

Катерина Ѓуровски

Четворица пијани возачи предизвикале сообраќајни несреќи, една со смртен исход

Охриѓанец почина откако кануто му се превртело во Езерото

Катерина Ѓуровски

66-годишен маж пронајден починат во неговиот дом во Кичево

Катерина Ѓуровски