Скопјанец заработи кривична пријава за разбојништво

Од:

Единицата за општ криминал – Одделение за имотни деликти со елементи на насилство до надлежното Основното јавно обвинителство Скопје со кривична пријава гo предаде скопјанецот Ѓ.Љ. (33)   поради основано сомнение  дека  извршил четири кривични дела „разбојништво“ при што се стекнал со противправна имотна корист од околу 35.400 денари. Од судија во претходна постапка на пријавениот му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.

Кривичните дела пријавениот ги извршил во периодот од август до  средината на овој месец, во попладневните часови и тоа – во три наврати на подрачјето на Карпош (два пати во аптека „Алпи Фарм“ и еднаш во аптека „Зегин“) и еднаш во Центар (во колонијална продавница „Тед Доол“).

Ѓ.Љ. делата ги извршил на тој начин што маскиран (со безбол капа и капуљача) со нож и закани дека носи пиштол, од вработените ги земал парите од дневниот промет и нивните мобилни телефони, по што одземените парите ги користел за купување на метадон, додека пак одземените мобилни телефони се пронајдени при претрес во неговиот дом. Истовремено при претресот во неговиот дом  е пронајдена безбол капата, црна боја која пријавениот Ѓ.Љ. ја носел при извршувањето на кривичните дела. По приведувањето на осомничениот во просториите на полициската станица Карпош, во присуство на јавен обвинител извршено е лично препознавање така што оштетените со сигурност го посочиле како сторител на разбојништвата.

Во изминатиот период против Ѓ.Љ. се поднесени кривични пријави за сторени кривични дела „разбојничка кражба “, „тешка кражба“и „тешка кражба во обид“.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Полицијата го казни возачот кој со автомобил возеше по велосипедска патека во Скопје

А1он

Тошковски од САД: Најсовремените светски технологии и искуства во функција на поголема безбедност на граѓаните во Македонија

А1он

Втор смртен случај со траги на насилство во Ѓорче Петров

Две кумановки и петмина банкари осомничени за измама со брзи кредити од над 12 милиони денари

Полицијата ловеше пијани возачи – одземени се 58 возачки дозволи

А1он

МВР: Уапсен е 73-годишен паланчанец кој силуваше 75-годишна познаничка