Скопјанец загина во сообраќајка на излезот од Гевгелија

Од:

Утрово, околу 7 часот и 30 минути, на излезот од Гевгелија се случи тешка сообраќајна несреќа во која животот го загуби педесетгодишниот З.Д. од Скопје кој управувал патничко моторно возило „мини Морис“ со бугарски регистарски ознаки.

До несреќата дошло откако возилото излетало од патот, поточно од мостот на излезот од булеварот и удрило во лимени гаражи покрај околните згради.

Увид на лице место извршија екипа на ОВР Гевгелија и јавен обвинител по чија наредба телото на починатиот е предадено на обдукција.

ФОТО: МИА

Би можело да ве интересира

Уапсен возачот кој синоќа усмрти пешак во Марино

Пронајдено женскo тело во распаѓање во Кочанско

Катерина Ѓуровски

Починато 18- годишно момче било донесено во болницата во Гостивар

21-годишник возел 105 километри на час на булевар во Штип

Полицијата го пронајде возачот кој удри во 11-годишно девојче и избега

МПЦ-ОА пријавила кражба од црква во Скопје вредна над 150.000 денари