Скопјанец тешко повреден во сообраќајка со товарно возило

Од:

Скопјанец е тешко повреден во сообраќајна несреќа меѓу камион и „сеат ибица”. Како што информира МВР, несреќата се случила вчера во 11,30 часот на крстосницата од улица „Ангел Динев” и улица „Есперанто” во Скопје.

Во сообраќајната незгода учествувале товарно возило „мерцедес” со скопски регистарски ознаки, управувано од Ј.С.(38) од Скопје и „сеат ибица” исто така со скопски регистарски ознаки, управувано од Ј.М.(71) од Скопје.

По незгодата со друго возило Ј.М. бил пренесен во Градска општа болница „Свети Наум Охридски”, каде од страна на доктор му биле констатирани тешки телесни повреди. Извршен е увид на местото на настанот.

Би можело да ве интересира

Пронајдено женскo тело во распаѓање во Кочанско

Катерина Ѓуровски

Починато 18- годишно момче било донесено во болницата во Гостивар

21-годишник возел 105 километри на час на булевар во Штип

Полицијата го пронајде возачот кој удри во 11-годишно девојче и избега

МПЦ-ОА пријавила кражба од црква во Скопје вредна над 150.000 денари

Излажал жена од Прилеп дека внукот ќе и оди во затвор заради сообраќајка во странство – и зел неколку илјади евра

Катерина Ѓуровски