Скопјанец со туѓи картички купувал на интернет, потрошил 135 илјади денари

Од:

СВР Скопје – Единица за економски и компјутерски криминал поднесе кривична пријава против Г.Д.(23), поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“, соопшти МВР.

Пријавениот обезбедил податоци од платежни картички на две лица и во периодот од 31.05.2022 до 17.06.2022 ги употребил за плаќање на повеќе интернет продажни места.

Притоа, едното лице го оштетил за сума од 120.310 денари, а другото лице го оштетил за сума од 14.901 денари, со што за себе остварил противправна имотна корист во вкупен износ од 135.211. денари.

Би можело да ве интересира

Пиштол пронајден во двор во основно училиште во Тетово

24-годишна Албанка загина во тешка сообраќајка кај Ласкарци

„Порше“ излета во Аеродром, повредени пет девојки

Катерина Ѓуровски

Убиена жена во кочанското село Бели, осомничен синот

34-годишна битолчанка се отрула од плин во сопствената бања

Малолетник од Охрид насилнички се однесувал во училиште, прекршочна пријава за таткото