Скопјанец со 3,7 промили алкохол во крвта возел автомобил

Од:

Мобилната единица за безбедност во сообраќајот на патиштата изминатата вечер спроведе акциска контрола за санкционирање на возачи кои возат под дејство на алкохол во околината на Скопје при што вкупно се санкционирани 19 возачи, а кај еден возач кој бил запрен во општина Петровец биле измерени 3,7 промили алкохол во организмот.

Тој е исклучен од сообраќај и против него се поднесени соодветни поднесоци.

– Министерството за внатрешни работи продолжува со акциските контроли за санкционирање на сообраќајните прекршоци со цел подобрување на безбедноста во сообраќајот – стои во соопштението.

Би можело да ве интересира

Пијан возач предизвика сообраќајка во Виница, па побегна со возилото

А1он

Возеше мопед без дозвола, со 2,93 промили алкохол во крвта – беше позитивен и на канабис

А1он

Пијан „возач“ без возачка дозвола излета од пат кај Кочани, едно лице е тешко повредено

Горан Наумовски

Со 1,81 промили алкохол во крвта превезувал дигалка на автопат, без одобрение

А1он

Шест возачи се приведени поради безобѕирно возење, дел биле под дејство на алкохол

Во Софија 68-годишник фатен како вози со 5,5 промили алкохол во крвта

А1он