Скопјанец силувал и претепал жена во станот на неговата покојна мајка

Од:

Силувач од Скопје кој жртвата насилно ја принудил на обљуба во станот на неговата мајка, денеска заработи обвинение поднесено од јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје.

Како што соопшти Јавното обвинителство, 55-годишен маж, кој се товари дека го извршил кривичното дело Силување, на 28 септември со употреба на сила и закана принудил на обљуба една жена.

– Оштетената ја пресретнал околу 15 часот, кога се враќала од работа, присилно ја внел во возилото кое го управувал, па ја однел во станот на неговата почината мајка. Таму започнал физички и психички да ја малтретира жртвата, упатувајќи закани кон неа и закани за нејзината ќерка. Цело време ја удирал и ја влечел за косата, по што извршил обљуба врз неа. По присилниот сексуален однос, продолжил да ја удира жртвата со боксови и клоци, од кои оштетената се здобила со телесни повреди, се наведува во соопштението на ЈО.

Поради опасност од бегство и можност да го повтори делото, јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје доставил и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетиот.​​

Би можело да ве интересира

Муцунски: Скопје е подготвено за дијалог со Софија, но не и за учество во бугарската изборна кампања

Отстранет е одронот, повторно се вози во двете ленти на автопатот Скопје – Велес

Горан Наумовски

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

Четворица од неготинско силувале 13-годишно девојче

Катерина Ѓуровски

45-годишен маж од Скопје е пронајден мртов во неговиот дом

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски