Скопјанец се самозапалил, повредени и децата

Од:
Страшна семејна трагедија се случи во скопско Инџиково.
По жестоката кавга  со 35-годишната сопруга С.Г, 37-годишниот Т.Г се самозапалил, а во пожарот настрадале и двете малолетни деца.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека десет  минути по полноќ,  Т.Г., излегол на терасата се полеал со бензин и се запалил.
Дел од запалливата течност се разлеала по скалите кои почнале да горат. При слегувањето по скалите со изгореници на нозете се здобиле неговата сопруга и две деца, на 17 и 15 годишна возраст.
Семејство е згрижено во Ургентниот Центар во Скопје.
Пожарот  бил навремено локализиран и причинил незначителна материјална штета.

Би можело да ве интересира

Во сообраќајка на патот Битола – Прилеп загина 17годишна девојка

А1он

Млад возач од Крушопек прегази во Скопје гевгеличанка на велосипед

А1он

Пронајдени двајца починати мажи во Тетовско

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата

Прегазено дете во Штип