Скопјанец сакал да помине на Ќафасан со 17.770 непријавени евра, му ги фатила албанската полиција

Од:

Македонски државјанин е приведен на граничниот премин Ќафасан кај Струга, откако албанските погранични служби кај него откриле 17.770 евра, кои не ги пријавил.

– При влез во Република Албанија, во втората линија, за детална контрола на возилото марка „Фолксваген“, управувано од З.Н.(34), жител на Скопје, Северна Македонија откриени се 17.770 евра кои тој претходно не ги пријавил. Парите при контролата се пронајдени во чанта која била во возилото и се одземени како доказен материјал, стои во соопштението на албанската полиција.

Понатамошни активности биле извршени од специјалисти за истрага на криминал во полицискиот комесаријат Поградец, кои го привеле 34-годишниот скопјанец. Случајот е предаден на Обвинителството во Основниот суд во Поградец.

-Службите на Граничната полициска станица Ќафасан во соработка со царинските органи, како и на сите други гранични премини, во рамки на заложбите за спречување и сузбивање на незаконитост од секаков вид, реализираат зголемени контроли врз основа на анализа на ризик. Посебно во овој период кога фреквенцијата на патници и возила е видно зголемена, посочуваат од албанската полиција.

Би можело да ве интересира

(ФОТО) Ја давеше, ја газеше по нозете, ја влечеше по асфалт и ја остави на сред улица – уапсен е син на инспектор во УЈП

А1он

МВР во 2026 сè уште работи со тефтери, Тошковски најавува дигитализација за три до четири месеци

За пет часа полицијата напиша 221 казна за пешаците во Македонија

А1он

Пораст на измами за сообраќајни прекршоци, МВР апелира на внимателност

Јанев за акцијата во Куманово: Криминалната група дејствувала повеќе од пет години

Голема полициска акција во Куманово: Апсења и претреси поради изнуда, лихварство и перење пари