Скопјанец сакал „да го реши“ синот со нож затоа што не го почитувал, Обвинителството бара притвор

Од:

Основното јавно обвинителство од Скопје почна истрага против 46-годишен скопјанец кој се обиде да си го убие синот. тој во ресторан во главниот град со со нож му нанел три убоди на синот бидејчи како што објасни „не го почитувал“.

– На 14 јануари, во работна просторија – кујна на ресторан во Скопје, на улицата „Кирил Пејчиновиќ“, осомничениот извршил семејно насилство и со умисла се обидел да го лиши од живот сопствениот син. По кратка вербална расправија, за која причина биле претходно нарушени меѓусебни односи, осомничениот зел кујнски нож и му нанел три убодни рани на оштетениот во пределот на стомакот, десната подлактица и грбот, нанесувајќи му тешки телесни повреди се наведува во соопштението ОЈО.

Во намерата да го изврши убиството го спречил сведок, кој му помогнал на повредениот и го пренел во болница.

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави и предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице, бидејќи постојат особени околности кои го оправдуваат стравот дека ќе го повтори кривичното дело, односно дека ќе го доврши обиденото кривично дело.

Тој и во дадениот исказ пред јавниот обвинител признал дека во критичниот момент одлучил „да го реши оштетениот“, односно да го лиши од живот, и дека се надева во иднина оштетениот да разбере дека треба да го почитува својот родител или повторно може да се случи истото.​

Би можело да ве интересира

Повредена скопјанка на концерт во КИЦ, врз неа паднала решетка од вентилација

Во „киа“ стуткани 10 мигранити, фатен криумчар во Гевгелија

23-годишник сексуално злоставувал петгодишно девојче

Катерина Ѓуровски

И го искршил черепот, ја исекол на делови и трупот го закопал во двор – детали за убиството во Штип

Разбојништво во Скопје: го претепале за да му земат 8.800 денари

53-годишен скопјанец тепал дете со клоци и тупаници на улица, го удрил со рачка од нож и му ги исекол гумите на велосипедот