Скопјанец ранет од страна на сопругот на неговата сестра

Од:

Скопјанец бил ранет со два истрели од огнено оружје од страна на мажот на неговата сестра.

Утрово околу 01,40 часот во Скопје на ул.„Димитрије Чуповски“ С.Ф. (42) и Е.М. (39) и двајцата од Скопје откако започнале вербална расправија дошло до тепачка при што С.Ф. од огнено оружје испукал два истрели кон Е.М. кој бил брат на неговата сопруга. На истиот му била укажана медицинска помош во УЦ- Скопје и од страна на лекар му била констатирана тешка телесна повреда (прострелна рана во пределот на десната дланка) и повреда во пределот на стомакот по што бил пуштен на домашно лекување, соопштуваат од МВР.

Со осомничениот ќе биде извршен разговор и по целосното расчистување и документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

Би можело да ве интересира

Во сообраќајка на патот Битола – Прилеп загина 17годишна девојка

А1он

Млад возач од Крушопек прегази во Скопје гевгеличанка на велосипед

А1он

Пронајдени двајца починати мажи во Тетовско

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата

Прегазено дете во Штип