Скопјанец празнично дивеел во Аеродром, нападнал жена и полицајци што дошле да го смират

Од:

Вчера околу 20 часот во населбата Аеродром, полицијата уапсила 30-годишен скопјанец, кој дивеел, нападнал жена и кршел инвентар во продавница во близина на „Мајчин дом“.

Кога на местото на инцидентот пристигнале полицајците повикани да го смират насилникот, тој и нив физички ги нападнал, но бил совладан и приведен, информираат од МВР.

„На 11.10.2020 околу 20.00 часот на подрачјето на Аеродром, наспроти „Мајчин дом“, бил лишен од слобода Т.Ј.(30) од Скопје, затоа што нападнал полициски службеници кои преземале мерки по пријава дека насилно се однесува и го крши инвентарот во продажен објект на истата локација, а за истиот било пријавено дека околу 19.50 часот физички ја нападнал и А.Т.(50) од Скопје,“ се вели во полициското соопштение.

Пријавениот е предаден на полициски службеници од Полициска станица Аеродром. Се преземаат мерки за расчистување на случајот по што ќе биде поднесен соодветен поднесок, велат од МВР.

Би можело да ве интересира

Во сообраќајка на патот Битола – Прилеп загина 17годишна девојка

А1он

Млад возач од Крушопек прегази во Скопје гевгеличанка на велосипед

А1он

Пронајдени двајца починати мажи во Тетовско

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата

(ВИДЕО) Нови снимки од студентите во Охрид: Ги симнуваат лустерите и пијат од нив, фрлаат прозорци од апартманот

Ана Ололовска