Скопјанец повреден со остар предмет од неговиот син

Од:

Педесет и четиригодишен скопјанец синоќа е повреден со остар предмет од страна на неговиот 23-годишен син. Повредениот е пренесен во Ургентиот центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Случајот синоќа во 18:01 часот е пријавен во полиција од страна на Ургентниот центар.

Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека станува збор за С.А.(54) од Скопје, кој бил повреден од неговиот син Д.А.(23) во семејниот дом на ул.„Бигла“.

Д.А. бил пронајден во домот и лишен од слобода. Се работи на целосно расчистување на случајот, a по негово документирање ќе следи соодветна пријава.

Би можело да ве интересира

Уапсен возачот кој синоќа усмрти пешак во Марино

Пронајдено женскo тело во распаѓање во Кочанско

Катерина Ѓуровски

Починато 18- годишно момче било донесено во болницата во Гостивар

21-годишник возел 105 километри на час на булевар во Штип

Полицијата го пронајде возачот кој удри во 11-годишно девојче и избега

МПЦ-ОА пријавила кражба од црква во Скопје вредна над 150.000 денари